ЗОДИЈАК електронско издаваштво

 

 

      

 

 

НАСЛОВНА ЗА НАС ЛИНКОВИ КОНТАКТ

 

 

СОФТВЕР КОЈ МОЖЕБИ ЌЕ ВИ БИДЕ ПОТРЕБЕН:

 

 

БЕЛЕТРИСТИКА МОНОГРАФИИ ЗБИРКИ НАУКА КНИГИ ЗА ДЕЦА КАТАЛОЗИ РАЗНО

 

"Зодијак - електронско издaвaштвo" се зaнимaвa со oбрaбoткa, пoдгoтoвкa и издавање на сите видови публикации во електронски oблик.

   Вaшиoт рoмaн, мoнoгрaфијa, техничкo упaтствo, кaтaлoг... ќе изгледaaт пoдoпaдливo, пoинтереснo, пoефектнo..., прoследени сo звук, сликa, филм или aнимaцијa, без oглед дaли се рaбoти зa мaли или гoлеми серии.
 

Три медиуми на едно место се основна карактеристика на сите наши изданија и тоа:

 

КЛАСИЧНА КНИГА

   - Неограничено сместување на содржини на едно место апсолутно како во „класична„ книга, со преглед на содржините со прелистување на страници од лево на десно (не во .html или .rtf формат).

   - Можноста на едно место да се сместат голем број единици прави од нашите изданија своевидни збирки со разновидни содржини, на пример одбрани дела на еден автор, или збирка на учебници за едно одделение или клас...

 

АУДИО ПРИЛОЗИ

   - Прилози во текот на текстот на самите страници, или како посебен додаток на крајот на книгата или збирката.

 

ВИДЕО ПРИЛОЗИ

   - Како своевидна илустрација на книжевен или историски дел, било да се сместени на самите страници или како посебен додаток;

   - Како материјал снимен по делото кое се објавува, било да се работи за документарен или игран филм, или ТВ серија.

 

   Во вака изработените книги со сите особености на мултимедијален карактер, на читателот му се овозможува на едноставен и евтин начин да дојде до саканите материјали, без заморни потраги по разни примероци на книги или складирање на томови собрани дела.

   Нашите книги можете да ги читате во потполност на компјутер, а прилозите - видео записи, музички прилози и филмови - да ги проследите и преку DVD уреди за репродукција и ТВ приемници.

Комплетниот сoфтвер кој гo користиме е лиценцирaн.
 

                           ©2004-2008 ЗОДИЈАК електронско издаваштво